Масовни антивладини протести во Прага


Илјадници Чеси протестираа вчера во Прага на најголемите антивладини демонстрации,од 2019 година. Тие го изразија незадоволството од намалувањето на воените трошоци под водство на премиерот Андреј Бабиш, стравувајќи дека неговата администрација ќе преземе мерки против медиумите со најавениот закон по примерот на тој за „странски агенти“ во Русија.

Демонстрантите, носејќи чешки знамиња и знамиња на Европската Унија, почнаа да пристигнуваат неколку часа пред почетокот на митингот на висорамнината Летна во Прага, а организаторите проценија дека околу 250.000 луѓе се собрале на демонстрациите, пренесува Ројтерс.