Марк Ентони го очекува седмото дете со четвртата сопруга Надја


САД- На Денот на вљубените, Марк Ентони и сопругата Надја Фереира открија дека очекуваат дете.

54-годишниот пејач, најпродаваниот салса изведувач и добитник на награди Греми и неговата четврта сопруга, мис Универзум на Парагвај, ги споделија убавите вести со објава на Инстаграм.

На фотката, во преден план е стомачето на 23-годишната Надја, како и дијамантските веренички прстени на двојката.

„Најдобриот подарок за Валентајн! Ти благодариме Боже за овој голем благослов во нашите животи“, стои во описот.

Двојката ја најави бременоста само две недели по свадбата која се одржа на 28 јануари во Мајами.

 

Ова е првото дете на Надја, но пејачот веќе има шест деца од претходни врски и бракови.

Неговото најстаро дете, 29-годишната ќерка, ја доби со поранешната девојка Деби Росадо. Подоцна тие посвоија и син. Од првата сопруга, со која се венча во 2000 година, Марк има две деца – Кристијан (22) и Рајан (19). Следно, Марк се венча со Џеј Ло и во 2008-ма ги добија близнаците Еме и Макс.По разводот со Џеј Ло, пејачот се венча со моделот Шенон де Лима, но нивниот брак траеше едвај две години.