Марјана запеја со Владо Калембер на „Охрид-фест“


Топ-моделот,препознатлива и како ТВ-водителка и лото-девојка Марјана Станојковска на Охрид фест – Охридски трубадури 2021 ги покажа и своите пејачки вештини. На својот профил на Инстаграм објави видео од Охрид фест каде заедно со хрватскиот пејач Владо Калембер ја отпеја песната „Ciao Amore“.

Иако оваа година поради трагедијата во Тетово официјално не се оддржа фестивалот чиј уметнички директор е Григор Копров, сепак тој се снимаше само за потребите на МТВ. 

 

„Голема чест ми беше што на интернационалната вечер од Охрид Фест – Охридски Трубадури 2021-ва имав можност заедно со нашиот специјален гостин Владо Калембер да го изведеме негов познат хит од 1984 „Ciao Amore“ инаку дует со Изолда Баруџија кој премиерно беше изведен во Универзалната Сала во Скопје во рамките на тогашната Југовизија, а како победничка нумера за таа година подоцна и претставник на Југославија на Евросонг во Луксембург“, напиша покрај видеото Марјана.

Станојковска е најтрофејна македонска убавица на светските избори за убавина. Во Куала Лумпур, Малезија, ја освои титулата мис тело на „Мис туризам интернешнл“, а во Кина – мис бикини на универзумот. Беше бринета, сега нè освојува како русокоса. Згодна, маркантна, висока 175 см, со идеални пропорции 90-60-90, е меѓу најангажираните јавни личности. Секогаш дотерана и на високи потпетици. Во последно време е ангажирана во областа на маркетингот како инфлуенсер на социјалните мрежи.