Малта потрошила повеќе од половина милион евра за да победи на Евросонг


Малта ја тресе голем евровизиски скандал – нивната претставничка Дестини со песната „Je Me Casse“ со недели беше на врвот на обложувалниците, а минатата сабота ја дочека студен туш кога од гледачите доби само 47 поени. Во драматичната завршница на 65. Евросонг во Ротердам, со гласовите на публиката победи Италија, а Франција и Швајцарија се пласираа на второто и третото место.

Со тоа Дестини стана најголема губитничка на Евровизија, а на многумина не им е јасно зошто со недели беше фаворит во обложувалниците за на крајот да добие толку малку гласови и да заврши на 14-то место.

Разликата помеѓу бројот на обложувања на Малта и гласовите од публиката сега би можела да стане појасна.

 

Тамошните медиуми јавуваат дека Малта пред Евросонг потрошила повеќе од 650 илјади евра на промоција на песната и изведувачката. Според пишувањата на „Times of Malta“ засега е познато дека Туристичката заедница на Малта вложила 350.000 евра за промоција на Дестини додека околу 300.000 евра вложил јавниот сервис.

Министерството за внатрешни работи наредило ревизија на трошоците поради сомнеж дека добар дел од парите се потрошени на обложувања. Се сомнева дека Малтежаните одговорни за промоција на изведувачката и песната финансирале странци кои потоа се обложувале на Малта на Евросонг.

Во написот на „Times of Malta“ се наведува дека постои сомнеж дека јавната телевизија ги злоупотребила парите на државните обврзници и ги потрошила за обложување на сопствената претставничка.

 

Министерот Кармело Абела наложил ревизија на трошоците откако примил извештаи дека дел од доделените пресметки за 10-дневниот настан бил искористен за обложување на „Је Ме Casse“. Малта ја рекламираа и на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, а за нејзина промоција биле ангажирани и странски инфлуенсери.

Ревизијата која ја побарало министерството започнува на 31-ви мај, а кога ќе бидат познати резултатите ќе се одлучи кој и како ќе ја сноси одговорноста.

 

 


  •