Максим Димитриевски ја претвори кампањата во серијал од драмолетки
Николај Павловски, на денешната прес-конференција тврдеше дека жена
кандидат за советничка од нивната листа, Христина Алексовска, е
нападната од страна на кандидатот за советник од редовите на СДСМ, Момир
Петрушевски и дека случајот е пријавен во МВР.
„Насилствата не престануваат! Додека кандидатот за градоначалник од СДСМ
Оливер Илиевски се слика со транспаренти против насилство врз жени во
политика, во исто време кандидат за советник од СДСМ, Момир Петрушевски
извршува насилно однесување врз кандидатка за советник од граѓанската
иницијатива „За наше Куманово“.Вчера во влез во зграда на нашата кандидатка за советничка Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од страна
на Момир Петрушевски и истиот е демонстративно уништен. Случајот е пријавен во МВР“, посочија од тимот на Димитриевски, кандидатот за градоначалник на Куманово.
„Во изборна кампања, советник од тимот на Оливер Илиевски брутално се
пресметува со жена, која е негов противкандидат! На овој начин ли се
залагаме за еднакви можности на мажите и жените во политиката? Ова ли е
начинот на кој сакате да победите на изборите!? Дали според вас ова е
демократски чекор? Застрашувачки е сè што правите во изминатиот период!- обвинуваат од тимот, правејќи од кампањата шпанска серија.
„Целиот изминат период се обидувате врз база на дезинформации, лажни
обвинувања, црна пропаганда и местенки да победите во Куманово. Ама
граѓаните се изјаснија во кого имаат доверба и вашите погубни политики
од 19-ти век ги казнија!
Почнавте со притисоци врз граѓани и вработени во државните институции,
од нив баравте да доставуваат списоци со сигурни гласачи. Понатаму,
лажно обвинувавте додека наши кандидати за советници вршеле наводен
поткуп, а вистината е дека нив се обидуваа да ги наместат. Случајот беше
класичен обид за изнуда на средства од кандидат во време на изборен
процес.
Еднаш не повикавте Министерството за внатрешни работи да ги истражи
случаите, туку дури и ја злоупотребувате оваа институција преку
министерот Оливер Спасовски. Државниот апарат е ставен во функција во
Куманово. Министер за внатрешни работи повеќе е на средби со граѓани
отколку самиот Оливер Илиевски, на средбите Спасовски зборува, а
Илиевски како граѓанин присуствува и аплаудира! Веќе видовме дека
началник на СВР Куманово е директно вклучен во изборна кампања спротивно
на закон, присутен во штабови и партиски собири. Срамно!
Го повикуваме јавно обвинителство да постапи по допрен глас и да ги
истражи овие злоупотреби и нерегуларности за кои има и низа фотографии
јавно достапни на социјалните мрежи“, порачуваат од тимот на Максим Димитриевски.