Макрон пак разговарал со Путин и Зеленски


 

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за условите за прекин на огнот. Елисејската палата соопшти дека телефонскиот разговор со Путин, кој траел околу еден час, се однесувал и на „безбедносните барања за суштински прашања“. Не бил постигнат договор, но Макрон „останува убеден во потребата да продолжи со своите напори“ и стои со Украина.

По телефонскиот разговор меѓу Путин и Макрон, Кремљ соопшти дека станува збор за „детална размена на мислења за ситуацијата во Украина, вклучително и тековните преговори меѓу руските и украинските претставници“. Во минатите телефонски разговори со странски шефови на држави и влади, Путин постојано го обвинуваше Западот дека ги игнорира украинските напади врз цивилите во источна Украина.