Макпетрол ќе го продаде на Владата својот удел во гасоводот


Падна договор Макпетрол да го продаде на Владата својот удел во гасоводот, со што тој целосно ќе премине во државна сопственост.

„Со целосна поддршка од Енергетска заедница, постигната e согласност помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и Владата да се склучи Спогодба со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со „ГА-МА“ АД Скопје, по што согласно пазарна цена, утврдена со проценка од овластени проценители, „Макпетрол“ АД Скопје ќе го продаде својот дел од сопственоста во „ГА-МА“ АД Скопје на Владата. Во периодот што следи, „Макпетрол“ АД Скопје и Владата ќе треба да донесат соодветни правни акти за официјално потпишување на Спогодбата“, соопшти „Макпетрол“.

Оттаму додаваат дека Енергетската заедница се обврзала да ја следи имплементацијата на вонсудската спогодба и да ја дава потребната поддршка сè до конечно завршување на целата постапка.

„Макпетрол“ и државата водат спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, ос 2004. Откако пробемот со години се влечеше низ судските лавиринти, без разрешница неодамна се побара медијација од Центарот за решавање на спрови на Енергетската Заедница за конечно регулирање на сопственичките односи.