Маж ја нападнал партнерката и кучето во Центар, се заканувал и на синот
Семеен инцидент во скопски Центар. Во полиција е пријавен напад од страна на маж кон партнерката и нејзиното куче.
– На 19.04.2026 во 22 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа ѝ побарал пари и таа од страв му дала пари кои ѝ биле во паричникот, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.