Македонски државјанин застрелал жена на патарината кај Прешево, па се самоубил
Жената од Србија, кон која синоќа пукал државјанин на Македонија на наплатната рампа кај Прешево, се наоѓа во тешка состојба, информираат српските медиуми. Жената била погодена со два куршуми.
Како што дознава српски „Курир“, ранетата била примена во ЗЦ Врање каде била извршена дијагностика. Со оглед на сериозноста на повредите била испратена во УКЦ Ниш.
– Се работи за сериозни повреди во пределот на вратот, изјавил раководителот на Службата за прием и итно лекување на Здравствениот центар во Врање, д-р Љубиша Стојилковиќ.
Како што објавија српските медиуми, мажот што пукал во неа е државјанин на Македонија од Тетово од албанска националност.
Жената е 38-годишната Ј.В од Србија,а мажот 52-годишен од Тетово.
Според „Телеграф“, македонскиот државјанин прво со огненото оружје ја ранил жената, а потоа се застрелал. На трагедијата ѝ претходела расправа.
Лицето им подлегнало на повредите, а на пукањето ѝ претходела расправија.