Македонија протерала уште еден руски дипломат – потврди и Руската амбасада
Од Руската амбасада во Скопје, потврдуваат дека протеран е уште еден нивни дипломат и најавуваат реципрочни мерки.
– Го потврдуваме протерувањето на рускиот дипломат. Москва разгледува реципрочни мерки. Дипломатот замина од Македонија десет дена пред одлуката поради истечен мандат – велат од Руската амбасада.
Инаку, претходно, повикувајќи се на свои извори од Министерството за надворешни работи, порталот „Алмакос“ објави дека Северна Македонија депортирала уште еден руски дипломат минатата среда.
Според „Алмакос“ станува збор за заменик воено аташе А. Шевченко, кој според изворите од МНР, направил недипломатски дејствија.
Пред извесно време уште еден руски дипломат бил депортиран од Северна Македонија поради несоодветни дипломатски активности и дејствија.