Островот Мајот го погоди разорен циклон, се стравува дека има неколку илјади мртви
Бројот на загинати може да достигне неколку илјади откако циклонот Чидо ја погоди француската територија Мајот во Индискиот Океан. Засега не е познато колку луѓе се водат за исчезнати, а спасувачите се обидуваат да најдат преживеани.
Цели населби беа срамнети со земја кога циклонот Чидо донесе брзина на ветер од над 225 км/ч.
Бројот на загинати може да достигне „близу илјада, па дури и неколку илјади“, рече менаџерот на островот Франсоа-Ксавиер Биевил.
Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретаљо денеска патува на островот со 160 војници и пожарникари, јавува Би-би-си.
Во Мајот вечерта пристигнаа авиони со прва помош од Франција.

Некои од 320.000 жители на Мајот велат дека се борат со сериозен недостиг на храна, вода и засолниште.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека има потреба од итност.
„Моите мисли се со нашите сонародници во Мајот, кои ги поминаа најстрашните часови и кои изгубија сè“, рече тој.
Циклонот Чидо го погоди крајниот север од Мајот во саботата како интензивен тропски циклон, што е еквивалентно на ураган од голема категорија четврта.

Кога циклонот се спушти на островот беше забележана брзина на ветер од 226 км/ч.
Висината на брановите исто така беше проценета на меѓу четири и осум метри. Тоа е најсилниот циклон што го погодил Мајот во последните 90 години.