Мајнмарци отидоа на работа – евакуирани се од напукнати згради

Жителите на Бангкок беа евакуирани од неколку згради откако локалните медиуми објавија дека се појавиле потреси на земјата и пукнатини.
Меѓу евакуираните згради се и владината зграда, Берзата на Тајланд, Управата за социјално осигурување и филијалата на TMBThanachart Bank.
Евакуацијата се случи само неколку часа откако вработените пристигнаа на работа во понеделникот наутро.
Според гувернерот на Бангкок, Чадчарт Ситипунт, земјотресот што го погоди регионот во петокот предизвика пукнатини во речиси 170 згради низ главниот град на Тајланд.
Пукнатини поради кои зградите беа принудени да се евакуираат постоеле и пред земјотресот, вели тајландската премиерка
Откако илјадници луѓе беа евакуирани од неколку згради во Бангкок, тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра објави на социјалните мрежи дека пукнатините кои ја поттикнаа евакуацијата постоеле и пред земјотресот.
„Одлуката за евакуација на индивидуална зграда е во надлежност на самата институција, но апелираме таквите одлуки да бидат јасно соопштени и врз основа на проверени информации од официјални државни органи“, напиша таа.
Премиерот ги повика и сопствениците на зградите „итно да извршат инспекција за јасно да утврдат дали пукнатините се стари или нови“.
Таа додаде дека иако последователни потреси биле регистрирани во Мјанмар, според владините научници, „овие земјотреси немале никакво влијание врз Тајланд“.
Новинар на Би-би-си ваја ја опишта состојбата утрово
„Бевме на пат кон срушена зграда кога видовме илјадници луѓе како се слеваат покрај патот во населбата Чатучак.
Се работеше за вработени во две високи згради – седиштето на банката TMBThanachart во која, според информациите, денес беа околу 2.500 луѓе, во таа двојна кула во завршна фаза на изградба во која имаше 500 вработени и обезбедување.
Разговарајќи со нив дознавме дека во ни една од зградите немало официјална евакуација, но дека брзо се прошириле гласини дека се слуша поптукнување на конструкцијата.
Вработените сега се вратија во зградите, но ова не е изолиран случај. „Станот во кој живее моја колешка се наоѓа во една од неколкуте згради кои утривана беа евакуирани во Банкок“, вели еден од жителите.
Гувернерот на Банкок ги повика граѓаните да бидат мирни и да не паничат.
Но, како што многумина денеска прв пат се враќаат на работа, целата ситуација јасно покажува колку напнатост им во главниот град на Тајланд.
Хунтата во Мјанмар прогласи недела на жалост бидејќи бројот на жртвите надмина 1.700
Владејачката воена хунта во Мјанмар прогласи недела на национална жалост поради разорниот земјотрес во кој, според официјалните податоци, досега е потврдена смртта на над 1.700 луѓе, пренесува АФП.
Во периодот на жалост, кој трае до 6 април, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.