Магична состојка која се додава во тесто за крофни: Пекарите гарантираат дека нема да впијат ни капка масло


Додајте во тестото состојка која повеќето луѓе ја имаат дома и ќе ги направите најдобрите крофни.

Крофните не потсетуваат на детството, кога бабите нè пречекаат со топли и слатки колачи кои мирисаат уште од влезната врата. Меки и воздушни, на сите им се омилени, а единствена мана им е што се пржат на многу масло, па можат да бидат мрсни. Иако денес постојат рецепти за крофни кои се печат без капка масло, познато е дека при пржење пецивото одвнатре останува воздушно, а однадвор добива крцкава кора.

Благодарение на некои одлични трикови, крофните нема да ја впијат маснотијата, а трикот не е во салфетката. Пекарите открија тајна која ретко кој ја знае. Ако додадете прашок за пециво или сода бикарбона на тестото, тоа нема да го впие маслото, но повеќето домаќинки знаат за овој трик. Исто така, мора добро да се загрее, бидејќи така тестото нема да го впие вишокот. Постои уште една магична состојка за која многу луѓе не знаат, а тоа е алкохолот кој се додава во тестото. Ако додадете само една лажица појак алкохол (на пр. вотка или коњак) резултатот ќе биде совршен. Тестото нема да го впие маслото, а ќе биде воздушесто и меко.