Магазинот „Тајм“ на листата 100 највлијателни луѓе ги стави Трамп, Маск и Серена Вилијамс


Магазинот „Тајм“ состави листа на 100 највлијателни луѓе во 2025 година, а во неа се вклучени личности од различни сфери на активност.

Овој познат магазин ги групира познатите личности во шест категории – уметници, икони, лидери, титани, пионери и иноватори, а меѓу нив има и луѓе кои се сметаат за контроверзни.

На листата, меѓу другите, се и музичарот Ед Ширан, актерката Деми Мур, тенисерката Серена Вилијамс, Скарлет Јохансон, гимнастичарката Симон Билс, актерката Блејк Лајвли, но и новинарот Дејвид Муир, американскиот претседател Доналд Трамп, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и директорот на Space, X и Tesla Илон Маск.

Интересно е што Серена Вилијамс се најде во категоријата „титан“, но многумина сметаат дека тоа е заслужено, бидејќи е рангирана како најдобра тенисерка во историјата, а воедно е и најплатена спортистка на сите времиња.

Покрај тоа, во февруари оваа година, таа го привлече вниманието на полувремето на Супер Боул кога се појави за време на настапот на раперот Кендрик Ламар.

Освен неа, на оваа листа во истата категорија се најдоа и личности како: актерката Блејк Лајвли, американскиот бизнисмен Ед Бастијан, основачот на Фејсбук Марк Цукерберг, гимнастичарката Симон Билс, директорот на Нетфликс Тед Сарандос и други.

На листата во категоријата „икона“ се издвојува актерката Деми Мур, која годинава првпат беше во трка за Оскар за главна улога, но и покрај предвидувањата не го освои. Сепак, пред Оскарите за истата улога доби и Златен глобус.

Исто така, во истата категорија со Деми Мур се најдоа: актерот и двократен оскаровец Адриен Броди, јапонскиот актер Хиројуки Санада, американската писателка Ракел Вилис, францускиот пливач Леон Маршанд и други.

Но, посебно внимание привлече категоријата „лидери“, каде меѓу другите за највлијателни се сметаат Доналд Трамп, Илон Маск и Џеј Ди Венс.
Целата листа на познати личности по избор на магазинот Тајм може да ја погледнете овде.