Лукашенко: Не ја давам власта


Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, денеска изјави дека нема да ја предаде власта, затоа што народот не го избра заради тоа.

-Сакам да кажам, за да немаме никакви двосмислености. Често ми забележуваат – ’нема да се откаже од власта’. И со право ми забележуваат. Народот не ме избра заради тоа, нагласи белорускиот претседател при претставувањето на новиот државен обвинител, Андреј Швед, изјави Лукашенко, јави белоруската државна агенција Белта.

Лукашенко додаде дека моќта не се дава за да се зема, фрла или да се дава.

-Во средината на 90-тите таа се тркалаше во калта, со неа нозете се бришеа. Многумина се сеќавате на тој период. Јас не сакам Белорусија да се врати во тоа време. Затоа, никој нема да ја фрли власта во кал, како што тие посакуваат, изјави белорускиот претседател.

Масовните протести на опозицијата во земјата почнаа на 9 август, на денот на претседателските избори. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко на изборите победи со 80,1 проценти од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека на нив победи Светлана Тихановскаја.