Лукашенко го обвини Западот дека водел „хибридна војна“ против Белорусија


Александар Лукашенко за време на обраќањето во парламентот на 26 мај (Фото: АП)

Според автокртаскиот лидер реакцијата на Западот по приземјувањето на авионот на „Рајанер“ и апсењето на новинарот била „планирана провокација“

 

Александар Лукашенко ги даде своите први јавни коментари во одбрана на неговото приземјување на летот на „Рајанер“ минатата недела, обвинувајќи го Западот за започнување „хибридна модерна војна“ против Минск и нарекувајќи ја реакцијата на инцидентот како „планирана провокација“.

На обраќањето на седницата на парламентот, Лукашенко, исто така, сугерираше дека авионот можел да биде соборен затоа што летал над нуклеарна централа кога го пренасочила белоруската влада, а се мислело дека има закана за поставена бомба и искористи авион „миг-29“ за да го обезбеди слетувањето на авионот.

Лукашено не помислува на каење во врска со апсењето на белорускиот новинар Раман Пратасевич и неговата девојка Софија Сапега, и покрај заканата од санкции од Западот заради „воздушното пиратство “ и „чин на државен тероризам“.

Снимените признанија од Пратасевич и неговата девојка беа дадени под присила, рекоа членовите на семејството.

Во вторникот вечерта, Сапега се појави во она што поддржувачите го споредуваат со заложничко видео, признавајќи дека водела антивладина акција на Телеграм што може да ѝ донесе затвор повеќе од една деценија.

Во видеото, објавено преку провладините белоруски медиуми во вторникот вечерта, Сапега (23) даде очигледно научена исповед во која призна дека ја водела „Црната книга на Белорусија“, која открила лични детали за белоруската полиција за спречувања безредија во обид да ги „именува и засрами“.

„Јас сум исто така уредник на Телеграм каналот ‘Црна книга на Белорусија’ кој објавува лични информации за вработените во Министерството за внатрешни работи“, рече таа.

Каналот, за кој опозициските лидери рекоа дека е ефикасно средство за борба против полициската бруталност против демонстрантите минатата година, ја разлути владата на Лукашенко и доведе до непријатни сцени на полицајци кои бегаат од демонстрантите за да избегнат да им се симнат маските.

За време на масовните протести против Лукашенко, Пратасевич помогна во водењето на популарниот профил на „Нехта“ Телеграм. Тој беше обвинет за екстремизам и повици за поттикнување масовни немири.

За Сапега, руска државјанка, не се знаеше дека играше никаква улога во белоруските протести и нејзината мајка рече дека нејзината ќерка „едноставно се појавила на погрешно место во погрешно време“. Светлана Тихановска, лидер на белоруската опозиција, која дејствува во егзил од блиската Литванија, рече дека Сапега е под „психолошки притисок“.

Коментарите на Лукашенко до парламентот во средата беа негова прва одбрана на заземјувањето на летот на „Рајанер“. „Без разлика дали имаше бомба или не, ако ме известеа дека имало терорист во авионот, јас веднаш ќе дадам наредба авионот да слета“, рече Лукашенко.

За време на говорот, тој рече дека закана за бомба пристигнала од некој во Швајцарија, изоставувајќи ги претходните тврдења на неговото министерство за транспорт дека заканата ја испратиле членови на Хамас (портпарол на Хамас негираше каква било поврзаност со инцидентот).

Тој го обвини Западот за започнување на „хибридна модерна војна“ против Белорусија, нарекувајќи ја својата земја „тест-полигон“ за започнување на конфликтот на Западот со Русија.

„Тие тргнаа од подготовка на бунтови за да нѐ задушат нас“, рече Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. „Тие бараат нови слабости“.

Родителите на Пратасевич побараа меѓународна помош за ослободување на белорускиот новинар, а американскиот претседател, Џо Бајден, рече дека санкциите против режимот на Лукашенко се „во игра“, без да открива повеќе детали.

Од нивниот нов дом во Полска, Наталија Пратасевич, мајката на новинарот, изјави за агенцијата Франс прес: „Прашувам, молам, ја повикувам целата меѓународна заедница да го спаси. Тој е само еден новинар, тој е само едно дете, но ве молам, ве молам… Јас молам за помош. Ве молам спасете го. Tие ќе го убијат таму“.

Нејзиниот сопруг, Дмитриј Пратасевич, поранешен војник, рече: „Адвокатката се обиде да го види денес, но таа беше одбиена, таа не можеше да го види. Сè уште не знаеме дали тој е таму, каква е неговата состојба, како се чувствува. Еден од начините на измачување на нашите власти е тоа што не им кажуваат на роднините каде се наоѓаат нивните најблиски до последната минута“, рече тој. (Според агенциите)