Луизијана се подготвува за нова тропска бура
Гувернерот на американската држава Луизијана, Џон Бел Едвардс прогласи вонредна состојба во врска со очекуваната тропска бура Сали, која се формира во Атлантскиот Океан. На својот профил на Твитер, Едвардс објави вонредна состојба и препораки до жителите на државата.
– Многу е можно тропската бура Сали да се претвори во ураган што ќе го погоди брегот на Луизијана во понеделник наутро, рече гувернерот. Оваа бура може да има многу сериозни последици, предупреди тој.
Бурата Сали се формираше вчера крај брегот на Флорида. Националната опсерваторија за урагани на САД проценува дека налетите на ветерот ќе достигнат брзина од 18 метри во секунда.
Пред помалку од две недели, ураганот Лора ги погоди Луизијана и Тексас, достигнувајќи четврта категорија од пет според скалата Сафир-Симпсон. Во катастрофата загинаа 25 лица во двете држави. Подоцна, ураганот Лора ослабна во тропска бура, а потоа и во циклон.
Сезоната на урагани во Атлантскиот Океан обично трае шест месеци – од почетокот на јуни до крајот на ноември.