Луѓето со крвна група 0 се најотпорни на корона вирусот
Истражувачите на биотехничкиот гигант 23andMe пронајдоа разлики во генот кој влијае на крвната група, односно осетливоста на корона вирусот.
Тие сметаат дека нулта крвната група е најмалку осетлива на вирусот, додека кај останатите крвни групи нема разлика.
Научниците барале генетски одговор на прашањето зошто некои луѓе кои се заразени од корона вирус немаат симптоми, а другите се смртно болни. Во тоа најмногу може да помогне истражувањето на гените на оние кои корона вирусот силно ги погоди.
Во април, 23andMe покрена студија во која се обиде да анализира милиони ДНК профили од својата база за да ја сфатат улогата на генетиката кога е во прашање Ковид-19.
Прелиминарните резултати на повеќе од 750.000 учесници покажуваат дека крвната група 0 може да биде најотпорна на Сарс-Ков-2, вирусот кој ја предизвикува болеста ковид-19, пишува Блумберг.
Луѓето со оваа крвна група имаат девет до 18 отсто помали шанси да бидат позитивно тестирани на корона вирусот. Но, оваа студија покажа мала разлика во осетливоста на вирусот кај останатите крвни групи.
Неколку други студии исто така се занимаваа со врската меѓу крвната група и симптомите на корона вирусот кои исто така, дојдоа до сознанија дека нашата отпорност на вирусот зависи, покрај старосната возраст и јачината на имунитетот, и од крвната група.
Истражувањето кое е направено минатата седмица работено е на повеќе од 1.600 пациенти од Италија и Шпанија кои имале проблеми со откажување на респираторните органи при зараза со корона вирус.
Се покажа дека респираторот бил потребен за повеќе од половината од нив кои имале крвна група А. И претходна студија од Кина покажа слични резултати.