Лога: Дочекавме и претседателката да не ја почитува сопствената држава


Министерот за правда Кренар Лога (Фото: Б. Грданоски)

Министерот за правда  Кренар Лога на својот Фејсбук профил објави фотографии од веб страната на претседателката Гордана Силјановска Давкова коментирајќи дека сме го дочекале денот кога – ни претседателот не ја признава сопствената држава.

„Имавме денови кога не бевме признати како држава од други држави, дури ни од соседите; не ни беше признат јазикот, црквата, историјата. Но, го дочекавме денот кога претседателот не ја признава сопствената држава. #ПретседатeлНаВилаВодно“, напиша Лога.