Љутков утре ќе го гледа изгрејсонцето во Кокино


Министерот за култура и туризам ќе присуствува на настанот „Летна долгодневица 2026 на Кокино“, кој ќе се одржи на 21 јуни(утре), во 05 часот, на Архео-астрономската опсерваторија Кокино.

Настанот се организира по повод летната долгодневица – денот кога Сонцето го достигнува својот највисок годишен пат и го означува најдолгиот ден во годината. Посетителите ќе имаат можност да го проследат изгрејсонцето на едно од најзначајните археолошки и астрономски локалитети во земјата, препознатливо по својата историска, научна и туристичка вредност.

Присуството на министерот ја потврдува посветеноста на Министерството за култура и туризам кон заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство и неговото интегрирање во современата туристичка понуда на државата.