Љубовна афера ја тресе Германија: Ќерка на баварскиот премиер (27) заведе милијардер (70)


 

Германската јавност бруи од најновата двојка што го подели јавното мислење. Додека некои зборуваат за модерна бајка, други креваат веѓи и ја анализираат разликата од неверојатни 43 години.

Главните улоги ги играат Селина Зедер, млада инфлуенсерка и ќерка на моќниот баварски премиер Маркус Зедер, и Ерик Шмит, контроверзен милијардер чие богатство се проценува на стотици милиони евра, објавува германскиот „Билд“.

Кои се главните протагонисти?

Селина Зедер (27) е дипломиран економист, модел и таканаречен инфлуенсер на високото општество во Минхен. Како ќерка на еден од највлијателните политичари во Германија, таа отсекогаш била под лупа, но вешто ги балансирала семејните очекувања и кариерата на социјалните медиуми.

Ерик Шмит (70) е поранешен шеф на Google, милијардер кој владее со ИТ бизнис сцената со авторитет. Но, иако медиумите го поврзуваат со млад модел, тој е сè уште формално во брак од 1980 година, во кој има и деца.

Луксуз, моќ и политички притисок

Врската наводно започнала во кругови од високата елита, далеку од очите на јавноста, но луксузните патувања и заедничките појавувања на гала настани не можеле долго да останат тајна.

„Ова не е само прашање на љубов, туку и на имиџ“, вели извор близок до семејството Зедер, кој исто така додаде дека Маркус Зедер гради имиџ на конзервативен семеен човек, а врската на неговата ќерка со маж толку постар предизвикува немири во политичките кругови пред изборите.

Благодарение на оваа информација, Селина Седер преку ноќ стана најследената жена во Германија, а Шмит уште еднаш докажа дека правилата (дури ни оние за возраста) едноставно не важат за милијардерите.