Лилјак предизвика паника во авион за САД, се вратиле во Индија


Авион на „Ер Индија“ на пат кон САД бил присилен да се врати во Њу Делхи, откако патниците доживеале блиска средба со лилјак, објавено е во саботата.

На индиските друштвени мрежи се шири видео-снимка која стана вирална: посадата и шокираните патници во неверување гледаат во лилјакот кој лета низ „боингот 737“.

Авионот од Делхи тргнал кон „Њуајрк“, рано во четвртокот според распоредот, но лилјакот е забележан по еден час, откако авионот бил во воздух, јави новинската агенција АНИ. Тогаш капетанот одлучил да се врати во Њу Делхи.

Индиските службеници за цивилно воздухопловство рекоа дека авионот се вратил и дека е дезинфициран.

Лилјакот е пронајден мртов во одделот за бизнис-класа.

Одделот за безбедност на летови ќе спроведе детална истрага.

Но, „Ер Индија“ во својот прелиминарен извештај соопшти дека можности за „несакани цицачи“ има поради возилата од трета страна, како оние кои се користат за угостителството.

Патниците се префрлени во друг авион кој слетал во „Њуарк“ со одредено задоцнување, се наведува во извештајот.