„Лидл“ нуди 3,73 милиони евра за плац во Подгорица
Во понудата за продажба на имотот на некогашниот најголем производител на градежни машини во екс-Југославија, фабриката „Радоје Дакиќ“, се јавила и MMS Property Solutions, која понудила 3,73 милиони евра за 13,2 илјади метри квадратни, дознава Побједа. Земјиштето се наоѓа во познатиот Сити кварт во Погорица.
Според ЦРПС, основач на оваа компанија, основана во март годинава, е WE-International Zweite GmbH, која е основач и на Лидл во БиХ, додека овластени лица се Томислав Шапина и Драган Чигоја, одговорни лица на српски Лидл. Малопродажниот синџир Лидл е дел од Schwartz Group со седиште во Некарсулм, Германија и е присутен во Србија од 2018 година, додека во БиХ сè уште не се отворени продавници за малопродажба, иако компанијата е основана кон крајот на април, според нивниот регистар, пренесува Банкар.ме.
Истиот медиум наведува дека покрај овој имот на „Дакиќ“, остануваат уште градски сообраќајници , за кои претходно било наведено дека може да ги купи само главниот град, како и парцела од 8,6 илјади метри квадратни вредна 2,45 милиони евра за која се води судска постапка за еден дел од земјиштето.