Левица: И директор во ЕСМ и советник во Скопје – Илјази тврди „нема случај“ но, законот го вели спротивното


Фото: Б. Грданоски

енеска отвораме прашање за сериозно прекршување на законите и класичен пример на неспоивост на функции. Станува збор за лицето Астрит Илјази, кој во исто време ја извршува функцијата директор на ХЕС „Треска“, како дел од државната компанија АД ЕСМ, и е избран советник во Град Скопје од редовите на Влен, како што објави Портал Х, се вели во соопштението на Левица.

„Овој случај веќе е пријавен во Државната комисија за спречување на корупцијата, која има отворено предмет и постапува по истиот.

Наместо одговорност, Илјази тврди дека „нема никаков случај“, дека се консултирал со ЕСМ и ЕЛЕМ и дека, како што дознаваме од извори од Антикорупциска изјавил дека „некој го мести“.

Според Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, избрано лице, во случајов советникот Илјази, не смее истовремено да врши функција на одговорно лице во правно лице со државен капитал, во случајов, директорот Илјази.

ХЕС „Треска“ е дел од државната компанија АД ЕСМ, што значи дека директорската позиција претставува функција во субјект со доминантен државен капитал.

Оттука, не станува збор за лична проценка или толкување, туку за јасна законска одредба.

Ова не е прашање дали има или нема случај, туку дали законот важи подеднакво за сите.

Законот вели дека има случај. И тоа не само потенцијален судир на интереси, туку неспоивост на функции.

Очекуваме Државна комисија за спречување на корупцијата целосно и транспарентно да го расчисти овој случај и да постапи согласно своите надлежности“, се цели во соопштението на Левица.