Левица: Амандманите го „потрошија“ рокот за носење на законите за минерални суровини и концесии


Поради амандманите, власта го проби рокот за носење на законите за минерални суровини и концесии, велат од Левица.

„Деловнички, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика требаше да заземе став во рок од два дена од одржувањето на првата седница по однос на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. Рокот од два дена поради поднесените амандмани истече изминатиот петокот и Комисијата го проби рокот за заземање став по овие закони“, соопшти партијата.

Во таква ситуација, велат од Левица, понатамошната расправа е беспредметна и власта доколку сака да ги донесе спорните измени ќе мора да почека да поминат три месеци.

 

„Со други зборови сега Собранието не може да продолжи со расправа и гласање по овие закони без да го прекрши Деловнико“, велат од Левица.