Лансирањето на роверот „Упорност“ на Марс е одложено за 22 јули
Испраќањето на роверот „Упорност“ (Perseverance) на Марс е одложено за 22 јули годинава, како резултат на проблеми со опремата за поддршка од Земјата, соопшти НАСА.
Проблемот е откриен при поставувањето на вселенското возило во заштитната обвивка што ќе оди на врвот на ракетата Атлас 5.
„Речиси сме подготвени. Но, потребно ни е дополнително време за решавање на проблемот со контаминацијата“, се вели во соопштението на НАСА.
Роверот од 1.000 фунти требаше да биде лансиран од космодромот Кејп Канаверал на Флорида, на 17 јули. Ако „Упорност“ летово не се упати кон Марс, проектот ќе мора да почека до септември 2022 година, што сериозно ќе влијае на долгорочните цели на НАСА, т.е. на програмите за истражување на Марс и ќе го зголеми севкупниот ризик на мисијата, соопшти вселенската агенција.
Роверот, со големина на мал автомобил, ќе бара знаци на живот и, можно постоење на микроби на Марс. Натаму, ќе има и проучување на климата и геологијата и ќе се собираат примероци од карпи и од почвите.