„Лајка“ има куче што се качува како „Спајдермен“


Јавното претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“  доби маскота. Тоа е Бустер, куче згрижено од улица кое со своето однесување ги изненади вработените кои, по толку години искуство, не виделе досега куче кое ужива да живее – во височинa.
 
Како што може да се види од фотографиите Бустер место на подот  времето го поминува блиску  до таванот, качен на железната ограда која го дели од другите кучиња. Според проценките во „Лајка“, тоа го прави  заради забава, заради љубопитност и дружељубивост. Заради оваа особина тој го доби веќе прекарот „Спајдермен“.
 
Бустер има две години и е микс од стафорд. Иако е многу уникатен,весел и енергичен се уште нема заинтересирани што би го вдомиле и со месеци е во прифатилиштето на „Лајка“.