Ла Зара од Франција е фаворит – фановите го избраа победникот на Евросонг (видео)
Франција– Годинашниот претставник на Франција на Изборот на песна за Евровизија, песната „Évidemment“ („Очигледно“) на пејачката Ла Зара, веќе ги освојува симпатиите на милиони гледачи во светот и се смета за голем фаворит за победник на годинашниот „Евросонг“ штоќе се одржи во мај во Ливерпул, Англија.
Евровизиските обожаватели се воодушевени од француската песна, а коментарите на социјалните мрежи се, генерално, позитивни. Многумина ја сметаат за најубава песна годинава и ја прогласија за апсолутен фаворит за победа на музичкиот фестивал.
Ла Зара, чие вистинско име е Фатима Захра Хафди, е 25-годишна канадско-француска пејачка, родена во Монтреал во семејство со мароканско потекло.