Кузеска: 27 април е најцрниот ден во историјата на македонската демократија


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска

Девет години по настаните во Собранието, овој датум сè уште се смета за еден од најцрните во поновата историја на македонската демократија, порача на денешната прес-конференција  портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според политички оценки што ги изнесе таа на прес конференцијата, станува збор за организиран обид за насилно загрозување на уставниот поредок, во кој, како што се наведува, учествувале поддржувачи и структури блиски до тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Кузеска на прес конференцијата изјави дека во Собранието тој ден влегоа групи кои, според тие оценки, имале намера да ги нападнат пратениците, новинарите и собраниските службеници, при што дојде до сериозно насилство, повреди и уништување на имот.

“Сликите од 27 април и денес остануваат симбол на тој ден – повредени пратеници, хаотични сцени и насилство во институцијата што ја претставува демократијата“, оцени Кузеска.

Во политичкиот контекст Кузеска посочуви и дека тогашниот опозициски лидер Христијан Мицкоски бил присутен пред Собранието во текот на случувањата. Девет години подоцна, според Кузеска, сè уште постојат обиди за релативизирање на настаните и недостиг од целосна институционална правда. Таа отвори и прашања за судските процеси, амнестиите и постапувањето со осудените лица поврзани со случајот, како и за нивната понатамошна улога во јавниот и политичкиот живот. Паралелно, Кузеска на прес конфренцијата изнесе и тврдења за континуитет на одредени политички и медиумски структури и нивното влијание врз јавниот дискурс.

27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија.

„9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски.Во Собранието влегоа насилници со јасна намера – да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собранието, да го урнат уставниот поредок. Сликите од тој ден се врежани и после 9 години: крвави лица на пратеници, дупнати глави, напади со шипки и столици, влечење, дивеење и уништување во храмот на демократијата.

А денешниот прмеиер, Христијан Мицкоски, тој ден беше пред Собранието. Девет години подоцна, наместо целосна правда – сведоци сме на обиди за срамна рехабилитација на насилниците. По доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, осудени лица за 27 април се пуштаат од затвор со само еден потпис. Истовремено, истите луѓе и истите мрежи повторно се активираат. Бетмен Велит, обвинет за 27 април – денес заедно со Латас се носителите на антиевропската кампања и нападите на СДСМ преку орбановата мрежа на медиуми. Јане Ченто држи прес конференции и се заканува со тужби. Контроверзниот разузнавач Горан Живаљевиќ, човекот кој беше во Собранието на денот на нападот – останува симбол на странското влијание во тие настани и на БИА. Повторно слушаме и за Сашо Мијалков и Никола Груевски.  Истите луѓе, истите методи, истата агенда. Денес, под водство на Христијан Мицкоски, Македонија повторно се турка кон заробена држава“, соопшти Кузеска.

Од СДСМ се наведува дека 27 април и понатаму претставува опомена за потребата од заштита на демократските институции, владеењето на правото и политичката стабилност.