Кулеба не верува дека Трамп може да издејствува договор за завршување на војната во Украина
Поранешниот шеф на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба оцени дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не може да издејствува мировен договор со кој би завршила војната во Украина.
Во интервјуто објавено денеска за Политико, тој посочи дека рускиот претседател Владимир Путин не е расположен за договор, додавајќи дека не гледа оти рускиот лидер би можел да се согласи со договорот за брз крај на војната што го вети Трамп.
-Путин сè уште верува дека може да ја задуши украинската државност и да ја уништи Украина како независна демократија, а исто така мисли дека е на чекор од тоа да му покаже на Западот дека е слаб, рече Кулеба.
За време на предизборната кампања, Трамп вети дека може брзо да ја заврши војната во Украина, дури и за еден ден, но не прецизираше како може да го постигне тоа.
Неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека договорот веројатно ќе значи дека Украина ќе отстапи територија, односно ќе прифати дека Русија ќе ја задржи целата или дел од 20 проценти од украинската територија што моментално ја држи, а во исто време тој предвиде некаква демилитаризирана зона, потсетува Политико.
Кулеба посочува дека тоа нема да успее, бидејќи, според него, Путин не е заинтересиран за дипломатија и се обидува да го замори Западот да верува дека може да добие што сака.
Еден од најголемите стравови на Кулеба е дека Трамп ќе ги негира оружјето и муницијата на Украина, или во најдобар случај да ги ограничи, така што ќе биде попослушна ако неговите мировни напори, што е веројатно, не се остварат. Кулеба предупредува дека изгледите на Киев, доколку тоа се случи, ќе бидат мрачни. „Линијата на фронтот во Донбас ќе се сруши, а Русите ќе бидат пред портите на Дњепропетровск, Полтава и Запорожје“, истакна тој, додавајќи дека тоа ќе биде најопасниот момент за Украина во целата војна. Според Кулеба, ако Трамп ја остави Украина без оружје, клучот е како Европа ќе реагира на тоа.