Кучињата херои во Турција


Мексико во понеделникот му оддаде почит на военото куче за спасување кое загина додека трагаше по преживеани  под урнатините од земјотресот во Турција. Министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал ја објави смртта на германскиот овчар  Протео на дневната прес-конференција на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

„Ја исполни твојата мисија… ти благодариме за твојата херојска работа“, објави војската на Твитер. Протео загина на должност откако се урна покрив од зграда врз тимот.

Речиси немаше тим во Турција што со себе не донесе кучиња спасувачи кои ги ризикуваа своите животи за да најдат преживеани. Тие беа и реклама за своите тимови кои објавуваа редовно колку луѓе намирисале под урнатините што се живи. 

   

На видеото подолу е куче кое панично копа низ урнатините да го спаси своето бебе кученце, при што му помага еден од локалните жители. 

Не спасуваа само кучиња луѓе туку и обратно. Спасителите најдоа време да извлечат пидлица заглавена во бетон и железо. 

Долното видео покажува колку опасна беше задачата на кучиињата спасувачи кои влегуваа таму каде што не смееја нивните сопственици.