Крвта не е вода: За неа малку се знае, а таа е алтер его на Ким Џон Ун


Ким Jo Џонг станува една од најистакнатите фигури во политиката и режимот на Северна Кореја. Таа се смета за мозок на операцијата зад внимателно конструираниот имиџ на јавноста на нејзиниот брат Ким Џонг Ун, а за возврат ужива целосна доверба на лидерот на земјата, истиот оној што е во состојба да го погуби својот чичко за наводно предавство.

Додека светот се бори со пандемијата на коронавирус, Пјонгјанг продолжува да инсистира на тоа дека не е регистриран ниту еден случај – продолжува подемот на Ким Џонг.

Минатиот месец, таа ја даде својата прва јавна изјава, нарекувајќи ја Јужна Кореја „исплашено лаење на кучиња“, откако Сеул протестираше против воените вежби. И во март, таа јавно го пофали Доналд Трамп што испрати писмо до Ким во надеж дека ќе одржува добри билатерални односи, нудејќи им да помогне во решавањето на пандемијата на коронавирус.

Објавувањето политички изјави во име на Ким Jo Џонг ја потенцира нејзината централна улога во режимот, вели Јонгшик Бонг, истражувач од Институтот за студии во Северна Кореја на Универзитетот во Сеул.

„Откриено е дека Ким Џонг Ун дозволил да напише таква грозна изјава за Јужна Кореја“, рече Бонг.

„Тој е јасно подготвен да и дозволи на својата сестра да стане негово алтерно его“, изјави тој.

Според „Гардијан“, Ким била вклучена во уредувањето на подемот на нејзиниот брат како следен врховен лидер, откако Ким Џонг-ил доживеа два удари во 2008 година, но не беше спомената од државните медиуми на Северна Кореја до март 2014 година, кога го придружуваше својот брат за време на избори за Врховното национално собрание.

Во меѓународен амбиент, Jо Џонг имаше видно присуство за време на дипломатскиот процес на режимот со Вашингтон и Сеул. Во нејзината матична држава, таа ја имаше улогата на главен пропагандист, зачувувајќи го угледот на Ким како водач на династијата што владееше со Северна Кореја три генерации.

„Таа има директен пристап и силно влијание врз Ким Џонг Ун“, рече Леонид Петров, севернокорејски специјалист и предавач на Меѓународниот колеџ за менаџмент во Сиднеј.

“Таа не е поврзана со неговите чистки или воените редови, но таа знае сè за нив. Таа е доверлива политичка личност која и помага на Ким да одржува позитивен имиџ на јавноста кога се занимава со странци или Јужнокорејци”, пишува Гардијан.

Во време кога Ким Џонг Ун е во сериозна здравствена состојба после операцијата на срцето, се шпекулира дека неговата 31. годишна сестра  наскоро ќе ја преземе улогата на владетел. Сепак, експертите веруваат дека културата на машкост и почит кон постарите лица никогаш нема да дозволи помлада жена да владее со земјата. Петров посочува дека е само личност од доверба и нема да може да биде ништо повеќе од тоа.

Но  Ана Фифлид од „Вашингтон пост“ не е на тоа мислење. „Ким Jo Џонг е единствената во семејството  која е во состојба да го преземе режимот од Ким Џонг Ун“, напиша таа.