Крвната група ја одредува должината на животот, a една е најотпорна


Преку истражување, научниците утврдиле дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на една личност. Според истражувањата, утврдено е дека крвната група која доминира кај другите е крвната група O.

Докажано е дека луѓето со крвна група O имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, дека се помалку веројатноста од другите крвни групи да имаат проблеми со меморијата, како и со помала веројатност да страдаат од одредени видови на рак, како што се ракот на панкреасот и ракот на желудникот. Поради тоа што телото е поотпорно на болести, луѓето со крвна група O живеат подолго.

Една од досега откриените причини зошто крвната група O е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од тромби, пишува порталот Хајат. Дополнително, она што е добро за срцето е добро и за мозокот, така што многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се исто така фактори на ризик за ментална болест.