Кружна економија во модниот бизнис: 24.Моден викенд се сели во Битола и во Штип


Евгенија Зафировска

Под слоганот „Beyond the Fields”, викендов, 24. Моден викенд, во организација на Света Богова-Јовановска,  им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK. Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење и ќе ги поттикне потребните промени кон поодржливо општество и индустрија.

Тоа е всушност визијата и целта на Моден викенд Скопје и Македонската модна асоцијација. Да ја претстави работата на дизајнерите кои ги менуваат правилата на игра во модниот бизнис Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека – Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept и работата на студентите од Академијата за моден дизајн  „Џолев и уметностите“.

#NoWasteMК е фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.

Роберт Ивановски

Новите колекции од учениците на дваесет и четвртата сезона, ексклузивно ќе бидат претставени утре и в недела преку пренос во живо на социјалните медиуми на FashionWeekendSkopje, со премиерно прикажување на кратки модни филмовии фотографии. Шоурум со ексклузивни парчиња на истите, како и изложба на накит  ACHTUNG BAUSTELLE!  изработен со електронски отпад од уметницата Маја Стојковска, се само дел од богатата програма што посетителите ќе ја проследат од викендов во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот Јагода.

Leap Concept

Придружете им се на експертите, креаторите на иднината, статистичарите, како и на лидерите од приватниот сектор и граѓанското општество на #NoWasteMK, со цел да размениме практично и теоретско знаење за просперитетна визија на кружната економија во модниот бизнис.

KTN

На првата тркалезна маса и онлајн дискусија“Circular Fashion and Textiles”, модератор од Текстилна Трговска Асоцијација – Кластер за Текстил заедно со панелисти и учесници ќе дискутираат за проектот Design4Circle и циркуларна економија – Локален контекст, предизвици и можности.  Не ја пропуштајте можноста да дебатирате за најновите трендови на циркуларна економија во мерењето, изворите и методите.

Luna Aditeya

Дискусија на тема “Product design for the environment” на тркалезна маса ќе биде предводена од модната дизајнерка Ирина Тошева и врвни професионалци од креативната индустрија кои ќе презентираат успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ќе ги елаборираат предизвиците и можностите за нејзиниот  развој.

Мирјана Јосифовска

За време на онлајн разговорот „End of Life” со советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА, ќе разговараме за создавање нов живот преку редизајнирање и рециклирање.

Son of Salome

Панел дискусијата “Consumption Reduced: repair & wear” презентирана од претставниците на Fashion Revolution и нивните поканети соговорници ќе ни доближи факти, практики, искуства, корисни совети и предлози за нови можности на делување во насока на намалување на конзумеризмот во модата и поттикнување на циркуларната економија. 

В недела во Штип ќе биде прикажан проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип”. На овој настан ќе имаме разговор со д-р Игор Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – координатор на проектот и м-р Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Република Северна Македонија под модераторство на м-р Дијана Насева, Универзитет Гоце Делчев од Штип, асистент на проектот.

Во вториот дел студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот„Гоце Делчев“ од Штип под менторство на доц. д-р Сања Ристески ќе имаат моден перформанс со моделите добиени од активностите од проектот.За реализација на проектот е употребен отпад од текстилната индустрија како суровина за производство на перници и јоргани. Општа цел на проектот е намалувањето на текстилниот отпад во општина Штип и употребата на истиот за производи со додадена вредност. Иницијативата #NoWasteMK ги воочува границите на нашиот сегашен систем, додека презентира нови начини на создавање.

Генерален партнер на проектот е СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА, најголем брокер за осигурување во државата.

За визуелниот имиџ е заслужна графичката дизајнерка Јана Марковска – Do More.

 

Програма може да погледнете овде