Криси Тајген со оскаровски гламур на наградите „Тони“ во Њујорк


САД– Криси Тајген го донесе оскаровскиот гламур со драматичната сребрена тоалета синоќа на црвениот килим на наградите Тони 2021 година во Њујорк кој го слави најдоброто од сцената на Бродвеј.

Тајген која беше манекенка пред да се омажи за  Џон Леџенд имаше храбро деколте покриено со прозирен тул. Тоалетата беше украсена со сребрени светки за дополнителен блесок, а исто така вклучуваше и два обемни розови ракави од тул. Нејзиниот изглед беше полн со розови цветни обетки, како и неколку блескави прстени . Леџенд, со класичен костум со пеперутка вратоврска ѝ овозможи на нејзиниот изглед да биде во центар на вниманието. Музичарот  настапи со актерската екипа на „Ain’t Too Proud“ на сцената синоќа за време на наградите Тони.

Театарскиот еквивалнет на филмскиот Оскар, наградите Тони за 2021 годинаим одаваат призание на врвните емисии и настапи на Бродвеј за сезоната 2019-2020, со со синоќешниот гала настан што го одбележа 74-то шоу на церемонијата. 

Луис Смит освои синоќа награда и стана најстара добитничка на наградата „Тони“