Кралска премиера на „No Time to Die“: Даниел Крег му кажа збогум на Џејмс Бонд (фото)
29/09/2021 08:09
Англија– По три одложувања поради пандемијата на ковид-19, новиот филм за Џејмс Бонд, 25. по ред, „Не е време за умирање“ (No Time to Die) синоќа ја имаше светската премиера во Лондон. По традиција, на премиерата дојдоа членовите на кралското семејство-од Кејт и Вилијам до прицот Чарлс со Камила, елегантни и блескави.
Лашана Линч во Вивиен вествуд, Леа Сејду во Луј Витон и режисерот Кери Фукунага
„Пред една година ова се чинеше како сон, не мислевме дека филмот некогаш ќе излезе. Големо олеснување е да се биде тука. Се надевам дека филмот ќе ги врати луѓето во киносалите и дека оваа прекрасна професија ќе опстане. Измешани ми се чувствата, но неверојатно сум горд на тоа што сработивме и постигнавме. Секако дека чувствувам и тага, горд сум на Бонд, но мора да продолжам понатаму“, рече 53-годишниот актер за петтото и последно појавување на Крег како тајниот агент. Режисер е Кери Фукунага, а играат и: Леа Сејду, Рами Малек и Наоми Харис.
Во Скопје ќе игра од 7 октомври, а во САД од следниот ден.
Били Ајлиш со братотАна де Армас во Луј ВитонГери Халивел со сопруготТенисерката Ема РадукануРами МалекЏуди Денч