Кралот Чарлс хоспитализиран, па пуштен дома

Британскиот крал Чарлс завршил во „краток период на набљудување во болница“ во четвртокот, откако доживеал „привремени несакани ефекти“ од лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
„Неговото височество сега се врати во Кларенс Хаус и, како мерка на претпазливост, во согласност со медицинските совети, денешниот распоред на ангажмани исто така ќе биде изменет“, се вели во соопштението на палатата.
„Неговото височество би сакал да му се извини на секој што можеби бил во непријатност или разочаран поради ова“, се додава во соопштението, објави Си-Ен-Ен.
Кралот Чарлс Трети има рак, објави лани Бакингемската палата. 78-годишниот британски монарх – кој се искачи на тронот во 2022 година по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора – продолжи со своите кралски должности, но се повлече од аспектите на улогата со „јавно соочување“. Палатата не ја откри формата на ракот, но рече дека Чарлс е „благодарен на неговиот медицински тим за нивната брза интервенција“ .