Кралот Чарлс ги именува Вилијам и Кејт за принц и принцеза од Велс


Англија – Британскиот крал Чарлс во петокот на својот најстар син Вилијам и на снаата Кејт им ги додели титулите принц и принцеза од Велс, кои тој и неговата покојна сопруга Дијана претходно ги имаа.

Дијана беше многу популарна личност која беше под постојана медиумска лупа од нејзината венчавка наваму и беше предмет на масовен излив на тага кога почина на 36-годишна возраст во сообраќајна несреќа во 1997 година, пет години откако таа и Чарлс се разделија.

Кралскиот извор рече дека Кејт ја ценела историјата поврзана со титулата, но дека ќе се обиде да создаде свој пат како принцеза од Велс.

Одржувајќи го својот прв говор пред нацијата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета во четвртокот, Чарлс рече дека е горд што својот наследник Вилијам го направил принц од Велс, титула што Чарлс ја има од 1958 година.

„Со Кетрин (Кејт) покрај него, нашиот нов принц и принцеза од Велс, знам, ќе продолжат да ги инспирираат и да ги водат нашите национални разговори, помагајќи да се доведе маргиналното до централното место каде што може да се даде витална помош“, рече тој.

Вилијам и Кејт, и двајцата 40, преземаа централни улоги во кралското семејство во последниве години, редовно појавувајќи се во јавноста и сè почесто ги носеа своите три мали деца на настани како што е платинестиот јубилеј на кралицата претходно оваа година. (Ројтерс)