„Крај Вардарот Џез“: Концертна промоција на „Стела“- новиот албум на „Љубојна“

Второто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ в недела ќе биде отворен со концертна промоција на новиот албум (винил) на култниот состав „Љубојна“ со наслов „Стела“, кој практично е и филмски саудтрак од истоимениот филм, во режија на Стојан Вујичиќ. Винилот е издаден за дискографската куќа ПМГ Џез. Наедно, „Љубојна“ со овој настап одбележуваат 20 години од своето постоење на музичката сцена. Нивниот автентичен бленд на џез, етно, поп и призвуци од мирис на каранфил е добро познат во Македонија и вон нејзините граници.