Ковид-19 може да доведе до мозочен удар, крварење и воспаление на мозокот
Околу 1 отсто од пациентите кои поради корона вирусот завршиле во болница веројатно ќе имаат компликации на средниот нервен систем, заклучија научниците на годишниот состанок на Радиолошкоот здружение на Северна Америка.
Меѓу речиси 38.000 пациенти кои во болница се лекуваат од Ковид-19 во САД и Европа, симптомите ги навеле лекарите да се посомневаат на компликалции во мозокот во околу 11 отсто од случаите.
Прегледите со магнетна резонанса и со компјутеризирана томографија потврдиле абнормалности на нервниот систем, кои најверојатно биле поврзани со вирусот, во десет отсто од тие пациенти, со вкупна зачестеност од 1,2 отсто.
Мозочен удар
Најчест наод бил мозочен удар поради затнати артерија, но научниците откриле и крварење во мозокот, возпаление на мозокот и други потенцијални смртоносни компликации.
Водачот на студијата д-р Скот Фаро од Универзитетот „Томас Џеферсон“ во Филаделфија рече дека проблемите со белите дробови поврзани со ковид-19 се добро познати.
„Нашата студија покажува дека компликациите на средниот нервен систем претставуваат значителна причина за морбидитет и смртност во оваа погубна пандемија“.