За Ковачевски секој е заменлив


 

Секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата. Тоа е основен принцип на ефикасно управување и новата влада ќе се води по него, вели во интервју за МИА, новиот мандатар, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој потврдува дека речиси е определен целиот состав на новата Влада, а на прашањето кој од старите министри ќе остане во Владата тој одговара дека во ресорите со кои ќе раководи СДСМ ќе има тим на нови луѓе, но и некои од стариот владин состав.

„Секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата. Тоа е основен принцип на ефикасно управување и новата влада ќе се води по него. Што се однесува до новиот владин состав и ресорите со кои ќе раководи СДСМ, станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација и резултати во своите ресори. Од сите нив очекувам максимално посветена работа, остварување на ветеното и фокус на приоритетите од програмата. Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. За ова да го постигнеме секој член, секој дел од овој мотор мора да функционира беспрекорно, вели Ковачевски.

Додава дека станува збор за луѓе кои ги отсликува ефикасноста во работењето, имаат сериозен професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓаните и општеството. 

За денеска попладне се закажани работни состаноци во СДСМ. Утре ќе заседава Извршниот одбор, по што најверојатно во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор.