Косово за три години купило вооружување во вредност од 250 милиони евра


 Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци вели дека актуелната влада во изминатите три години купила вооружување во вредност од 249 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за телевизијата Клан Косова, Маќедонци изјави дека во оваа сума не е вклучен буџетот за косовските вооружени сили за 2024 година.

„Набавките се ориентирани според концептот на купување држава со држава. Значи, инвестициите се вршени во соработка со релевантните министерства на земјите од НАТО со кои договаравме набавка, а се според стандардите на НАТО, бидејќи ние сме јасно ориентирани кон членство во Алијансата и во Европската унија“, рече Маќедонци.

Тој додаде дека набавките се направени врз основа на сеопфатниот транзициски план на Безбедносните сили на Косово.