Конгресот во САД под блокада: Возило се заби во полицајци и се пукало


 

Зградата на конгресот во Вашингтон, САД е затворена поради можни безбедносни закани, пишува Ен-би-си Њус.

Службите за безбедност пратија порака до канцелариите во Конгресот: „Поради можна безбедносна закана, во сите згради на Капитол, САД во моментот не е допуштено да се влегува или излегува. Може да се движите низ зградата, но стојте подалеку од прозорците и вратите. Ако сте надвор, побарајте засолниште.“

Гласот на Америка пишува дека зградите на Конгресот се затворени по дојава за можно пукање.

Повредени двајца полицајци

Владината генција Ју-ес-си-пи напиша на Твитер дека дошло до инцидент и дека извештаите наведуваат дека возило се забило во двајца службеници кои ја чуваат зградата на Конгресот. Наводно, осомничениот е во притвор, а повредени се двајвцата полицајци и дека тројцата се превезени во болница.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки вели дека известени се за ситуацијата во капитол, пренесе Си-ен-ен.

Полициската станица во Вашингтон соопшти дека на неколку часа ќе бидат затворени улиците околу Капитол и дека одговараат на безбедносните закани надвор од зградата.Во инцидентот се вклучи и ФБИ.