Конго нареди делумна евакуација од градот погоден со земјотреси
Властите во конго наредија делумна евакуација на Гома, град погоден од стотици потреси и во кој се отворија големи дупки во земјата по ерупција на вулканот во текот на викендот.
Повеќе од 20.000 луѓе останаа без своите домови, а 40 исчезнаа по ерупцијата на вулканот која се случи во саботата вечерта и од каде потекоа реки лава кон Гома, при што загинаа најмалку 31 лице, а беа ушништени 3.000 домови, според Обединетите народи.
Лавата од вулканот Нијарагонго сопре дури на 300 метри кон аеродромот во Гома, средишна локација на хуманитарните операции за источен Конго. Податоците за сеизмички активности и деформации на тлото укажуваат на присутност на магмата под Гома, која се протега под езерото Киву, вели Ндима Конгба, воен гувернер на покраината Северен Киву.
„Со оглед на оваа научна опсервација, ерупциите на тлото и под езерото не може во моментот да се исклучат како можност и може да се случат со малку или без предупредување“, вели тој.
Евакуацијата е задолжителна
Десет градски квартови беше потребно да се евакуираат во Саке, друг град на брегот од езерото на 21 километар северозападно.
„Евакуацијата е задолжителна. Оние кои тоа нема да го направат, сносат непотребни ризици. Враќањето дома може да се случи дури по препорака од покраинските власти“, вели Конгба.
ОН соопшти дека привремено преместува околу 250 свои неесенцијални работници, од кои половина хуманитарни работници, и околу 1.500 членови на нивните семејства во градот Букава, околу 50 киломтерки јужно.