Конго: Еболата се прошири во трета провинција
Епидемијата на ебола, која во Конго трае веќе една година, се прошири на трета провинција, откако во Јужен Киву се потврдени два случаја на таа болест, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во источниот дел на Конго од ебола починаа 1.808 од 2.765 заболени, се наведува во новиот извештај.
Епидемијата, која изби на 1 август минатата година, е втора по обем во историјата.
Многу луѓе во источниот дел на Конго не им веруваат на докторите и останатите здравствени работници.