Кондовски: Ова е најцрна кампања во Битола досега
Разочаран сум од Тони Коњановски што како доктор аминувал црна кампања против мене, најцрната кампања во историјата на Битола, рече вечерва во дебатна емисија на МТВ посветена на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски.
„Јас сум изненаден. Битолчани сметаат дека е ова е најцрната кампања во историјата на Битола. Се сеќаваат и на 2013 година, но велат дека ова е најцрната кампања во Битола досега“,рече Кондовски, покажувајќи монтирани фотографии заеади негова дискредитација.
„Еве дури ме вадат со лажен датум на раѓање со некој наводен запис од МВР дека нешто сум направил и во него ставиле дека Христо Кондовски е роден 1988 година. А јас сум роден 1986 година. Црната кампања е со памфлети за мене низ Битола, со мешање на моето семејство, на мојата мајка. Јас сум разочаран од Коњановски како доктор затоа што ја аминувал таа црна кампања и сметам дека тоа е срамно. Утре треба ние и нашите семејства да се сретнеме по Широк Сокак, без разлика дали сме од позиција на градоначалник, директор или бизнисмен. Треба да живееме и да не се гледаме на нишан, да работиме позитивно. Инаку битолчани се сведоци на најцрната кампања од ВМРО ДПМНЕ посебно за лице кое не било инволвирано во политиката и кое до некни другарувало со истите тие луѓе“, еече Кондовски.
Кондовски забележа и дека неговата професија менаџер се настојува да се прикаже како слабост, а не како предност.
„ Општината има развојна компонента, не е социјално само да вршите услуги. Мојата компаративна предност е што јас можам да дадам економски момент во управувањето, со почитувањето на законите. Се чудам како размислувате, има закони за јавни набавки и работење. Како вие предвреме кажувате ова е ваше, ова е наше. Тоа е срамно за граѓаните, од тоа треба да се срамите. Ние треба да ги почитуваме. Тоа е јавен тендер, јавна набавка за одредена работа.Ние овде зборуваме за проекти, вие зборувате кој ќе ги земе тие проекти уште отсега“, се обрати Кондовски кон противкандидатот Коњановски.