Концерти на „Синтезис“ и Влатко Стефановски за 30 години независност


Фото: Б. Грданоски

Вечерва, во 20 часот, на археолошкиот локалитет Стоби ќе настапи групата Синтезис изведувајќи дела од својот богат музички опус со кој како амбасадори на културата не преставуваат во светот повеќе од 25 години.

В понеделник пак, 6 септември, во Филхармонијата на РСМ ќе се одржи ексклузивен концерт на Влатко Стефановски со симфониски оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин. Добро познатите композиции на Стефановски, во аранжмани на Емин се гаранција за неповторливо и уникатно искуство. Концертот првично беше најавен да се одржи на тврдината Кале, но поради променливото време и можните врнежи, концертот сепак ќе се одржи во затворен простор.

Во рамките на прославата на 30 годишнината од македонската независност, Баги Комуникации веќе реализираше два концерти на оперската дива Весна Гиновска Илкова заедно со Кристина Светиева, Бобан Мирковски и Ерхан Шукри Квартет, во Света Софија во Охрид, како и концертот на Тони Китановски во Куршумли Ан.

Проектот „МУЗИКАТА ЗБОРУВА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ„ – 30 ГОДИНИ МУЛТИ КУЛТУРА„ е поддржани од Владата на РСМ преку јавниот повик за финансиска поддршка за организација на настани.

Сите одржани концертите ќе бидат емитувани на програмата на Македонската Телевизија а ќе бидат пренесувани и на интернет, со цел што повеќе граѓани да можат да ги проследат истите.