Концерт на Стинг во Сараево на 19 март

„Авалон Продукција“ го носи Стинг во Сараево, на 19 март, следната година, како свој прв голем календарски проект во 2022 година.
Концертот е закажан во олимписката сала „Зетра“, во 20 часот.
Концертот ќе биде во рамки на неговата „My Songs“ турнеја, која беше прекината поради Ковид, а истовремено ќе биде и промоција на неговиот нов албум „The Bridge“ кој излегува на 19 ноември.
Ова ќе биде прв концерт на Стинг во Сараево во неговата пребогата кариера и после концертот на U2 во Сараево, одржан во 1997 на стадионот “Кошево”, е најголем музички настан досега во Босна и Херцеговина, велат од „Авалон“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 12 ноември во 9 часот преку продажната мрежа на kupikartu.ba и онлајн преку истиот линк.