Колку тежи еден инспектор?


„Стадион“ на „Канал 77“ отвори тема за инспекторите:Каде се најтенките нишки каде што може да се скине нивниот интегритет? Зошто граѓаните и бизнисмените молчат и не пријавуваат? Колку треба да заработува еден инспектор за да стане имун на поткуп и корупција?

Лилјана Поповска од ДОМ воопшто не е задоволна од Државниот инспекторат за животна средина.

– Не се грижи за надзор и казнување особено на големите загадувачи. Наместо да имаат редовни дежурства во три смени, како да се на одмор, оставаат сомнеж и за корупција. Цел народ гледа како некоја фабрика загадува, за потоа од инспекторатот да отидат кај загадувачот во договорен термин, за да се добијат „совршени“ резултати дека се’ е чисто – истакна Поповска.

Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули обвинувањата од Поповска ги нарече целосно неосновани.

– Коректно е да пријавите. Во спротивно, станувате соучесник.Некои работи секогаш можат подобро. Но, да не се обидуваме со некаква квази-партиска промоција да фрлиме сенка врз луѓето кои чесно си ја вршат работата. Инспекторите и во полициски час работат и дежураат. Подигната е транспарентноста, животната средина не е веќе на маргините, туку високо е позиционирана – рече Макрадули.

Кризата со пандемијата не учи дека не треба да си играме со природата.
– Парите наменети за екологија ќе биде ризик ако бидат пренаменети за економски цели. Рестартирањето на индустриските капацитети нема да биде во корист на животната средина. Цената на фосилните горива е многу ефтина сега. Полскиот премиер на пример вели дека вложувањата во климатските промени, сега ќе биде луксуз – објаснува Макрадули.
Во емисијата се вклучија и претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска – Грашкоска и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

– Најголемиот дел од инспекторите работат неселективно и согласно законот, а и од граѓаните немаме поплаки за најголем дел од нив. Но има и такви кои го уриваат угледот на сите други. Нив со преместување на други места, во канцеларија, во администрацијата, правиме напори да ги отстраниме – истакна Пауновски.

Според него вонредната состојба се почитува, но има и такви кои мислат дека нема да бидат посетени од инспекторите. Проблеми се јавиле со објектите кои се во склоп на бензиските станици и затворање на кафематите.
Тој нагласи и оти во овие моменти на борба со коронавирусот инспекторите биле во првите линии и, за среќа, досега од нив немало позитивни на вирусот.
Според претседателката на Инспекцискиот совет кој ја следи работата на државните инспекторати, Магдалена Филиповска Грашкоска повисоките плати нема да ги направат подобри инспекторите.
– Новиот закон за инспекциски надзор предвидува нови начини на планирање на надзорите-почесто повторување, вработување на инспектори, зголемување на платата, додаток за ризик, воведување софтвер и дигитализација на инспекцискиот надзор, да се сведе на минимум човечкиот фактор со што би се намалила и корупцијата- потенцира претседателката на Инспекцискиот совет.
Таа додева дека зголемен е бројот на пријави за инспекторите, но не секогаш се основани, не завршена работа па некој осветнички настапува, но има пријави и од неинфомрираност.

Горначо Крстев е првиот градоначалник кој е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека засега се чувствува добро, и нема симптоми на вирусот.

„Добро се чувствуваме со сопругата. Децата се негативни. Ги почитуваме препораките на Министертсвото за здравсто и дома сме во самоизолација“, вели градоначалникот на општина Чешиново Облешево.

Првиот контакт со починатиот бербер од Кочани кој беше позитивен на коронавирус, градоначалникот Крстев го имал на 23 ти март. Откако дознал дека берберот е позитивен, тој и неговото семејство веднаш се самоизолирале. Првиот тест направен во „Систина“ покажал дека е негативен, а вториот во „Филип Втори“ констатирал дека има корона.

И вработените од општината се во самоизолација. Крстев вели дека не може да биде сигурен дека преносител на вирусот во неговиот случај е берберот од Кочани.