Колку кондоми ќе се поделат на ОИ во Париз?  


 

Париз– Околу 10.500 спортисти и спортистки од 206 нации ќе настапат на Олимписките игри кои со свечена церемонија започнуваат веќерва во 19, 30 часот во Париз. Во текот на 19 олимписки денови, од 26 јули до 11 август, тие ќе се борат за подиумот во една од 32 спортски дисциплини. Севкупно, ќе се поделат 329 златни медали.

По забраната за интимизирање за време на Олимписките игри во Токио поради пандемијата на Ковид-19, на спортист(к)ите во Париз повторно им е дозволен секс. Во Олимпиското село, каде ќе бидат сместени 9.000 спортисти, на располагање ќе им бидат 300.000 кондоми. Алкохолот не е дозволен, па спортист(к)ите ќе мора да бараат утеха во 350 метри долгото бифе за храна.